Био клиника Вe наградува
Учествувајте во новата наградна игра на Био клиника „Био клиника Вe наградува“.
 
Со купување на барем еден понуден производ, од палетата на производи на Био клиника,  станувате учесници во наградната игра и нивните купони ќе учествуваат во извлекувањето.
Наградната игра е поделена на шест циклуси. На секое од шесте извлекувања ќе биде доделена по една циклусна награда, паричен износ од 9 000, 00 денари. На финалното извлекување во кое учествуваат сите учесници, од сите 6 циклуси, се доделува паричен износ вредност од 500.000,00 ден..

Наградната игра „Био клиника ви ги исполнува соништата“ ќе трае од 20.03.2010 - 20.12.2010 год.

Врз основа на член 29 став 2 од Законот за игри на среќа и за забавни игри (сл. Весник на РМ бр. 10/97, 54/97, 13/01,2/02 и 54/07) Био Клиника Д.О.О.Е.Л експорт импорт ги донесе следните:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА "БИО КЛИНИКА BE НАГРАДУВА"
 
Член 1
По овие правила БИО КЛИНИКА Д.О.О.Е.Л експорт импорт - Скопје ( во понатамошниот текст организатор ) приредува наградна игра под името " БИО КЛИНИКА BE НАГРАДУВА

Член 2
Наградната игра " БИО КЛИНИКА BE НАГРАДУВА " ќе трае од 20.03.2010 - 20.12.2010 год., ќе се приредува на територијата на Р. Македонија и во неа ќе учествуваат купувачите на производи од Био Клиника. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени во весникот Дневник.

Член 3
Наградната игра се одржува за да на купувачите на Био Клиника со помош на рекламните материјали и каталози им се понудат нашите услуги.
 
Член 4
Наградната игра " БИО КЛИНИКА BE НАГРАДУВА " е поделена на 6 кола, со 6 извлекувања на крајот на секое коло. Во секое коло од наградната игра, купувачите од нашата база на купувачи ќе бидат повикувани по пат на рекламен материјал со понуда на производи од нашата палета на производи за убавина и здравје, за учество во наградната игра, кој ќе биде испраќан на нивните адреси. Понудениот рекламен материјал содржи купон за нарачка на производи. Купувачите кои ќе испратат купон за нарачка на нашата адреса, со кој ќе нарачаат и купат барем еден понуден производ, стануваат учесници во наградната игра и нивните купони ќе учествуваат во извлекувањето. Учесниците во сите 6 кола ќе бидат вклучени во главното, финално извлекување на крајот на наградната игра.

Член 5
На секое од шесте извлекувања ќе биде доделена по една циклусна награда, паричен износ од 9 000, 00 денари, што значи 6 награди во вкупен износ од 54.000,00 ден. Учесниците во поединечен циклус, кои ќе купат производи од понудата, ќе добијат подарок (торба, прекривка, марама, часовник, накит бижутерија, и сл.) во вкупен износ од 100.000,00 ден кој ќе биде доделен при испораката на купените производи.
На финалното извлекување во кое учествуваат сите учесници, од сите 6 циклуси, се доделува паричен износ вредност од 500.000,00 ден.
Вкупниот награден фонд изнесува 654.000,00 ден.

Член 6
Во наградната игра "БИО КЛИНИКА BE НАГРАДУВА" не можат да учеству-ваат вработените, членовите на нивната блиска фамилија и членовите на комисијата за извлекување.

Член 7
Секое коло ќе трае месец и половина. Првото коло од наградната игра започнува на 20.03.2010 год., а завршува на 25.04.2010 год. Второто коло трае од 26.04.2010, а завршува на 05.06.2010 год. Третото коло започнува од 06.06.2010, а завршува на 25.07.2010. год. Четвртото коло трае од 26.07.2010, а завршува на 14.09.2010 год. Петото коло започнува од 15.09.2010, a завршува на 30.10.2010 год. Шестото коло започнува од 01.11.2010, a завршува на 20.12.2010 год. Извлекувањето на главната награда ќе се одржи на 14.01.2011 год.

Член 8
Извлекувањето на наградите ќе се одвива ва просториите на организа-торот на наградната игра.
Извлекувањето ќе го надгледува тричлена комисија, во присуство на нотар кој ќе го состави записникот од извлекувањето.

Член 9
Наградите ќе бидат предадени на добитниците во просториите на Био Клиника. За резултатите од наградната игра добитниците на наградите ќе бидат лично известени. Резултатите од секое циклусно извлекување и од финалното извлекување ќе бидат објавени во весникот Дневник во рок од три дена по извлекувањето. Добитниците на наградите должни се да се јават кај организаторот на наградната игра и да ја подигнат наградата во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите. По истекот на тој рок го губат правото на наградата.

Член 10
Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 8 дена по објавувањето на резултатите од извлекувањето. Био Клиника писмено ќе се произнесе во рок од 8 дена по добивањето на приговорите.

Член 11
Правилата стапуваат на сила со денот на добивањето на одобрение од страна на Министерство за финансии. Co учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Член 12
Во случај на спор кој не може да се реши на мирен начин, надлежен е Општинскиот суд во Скопје.
Решение бр. 20-22403 /1 БИО КЛИНИКА Скопје

Скопје 18.03.2010 Управител
Натали Ковачевиќ
Коментари
Додади ново Пребарај
Goranco  - Proizvodi   |10-08-2010 22:02:42
Kade mozat da se najdat vasite proizvodi ? Kako da ucestvuvam vo nagradnata igra? Na koj nacin gi pr akate katalozite na domasni adresi ?
natasa   |01-12-2010 17:19:59
i jas sakam da ucestvuvam vo nagradnava igra dali mozi da mi ispratite i mene katalog na domasna adr esa? pozzz
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

google_android_logoNagradniIgriQR