| Кралска авантура |
|
За учество во наградната игра потребно е правилно да се пополни наградниот лист во албумот Животинско царство Football kings и заедно со име и презиме, адреса и телефонски број на учесникот да се испрати најдоцна до 31.08.2010 година. Наградниот лист правилно е пополнет кога на него се сите барани податоци и правилно се излепени сите потребни сликички од број 1 до број 56 од чоколадцињата Животинско царство Football kings. Ве очекуваат примамливи награди: Фамилиарно патување во DISNEYLAND (Paris), LEGOLAND, GARDALAND, Nintendo wii играчка конзола, Детски сладок пакет... Крашкомерц Краш д.о.о.е.л. Скопје ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 1. Организаторот приредува наградна игра под име „Кралска авантура“ во периодот од 01.04.2010 – 31.08.2010 година, а со овие правила го одредува начинот и условите за учество во наградната игра, начинот на прогласување на добитниците на наградите, роковите за остварување на правата на наградите и други прашања кои се важни за приредување на наградната игра и учеството во неа.
Член 2. Целта на наградната игра е остварување на промотивни резултати за производите на Краш во проектот Football kings.
Член 3. Право на учество во наградната игра, која е предмет на овие правила, се остварува на следниов начин:
Член 4. Во наградната игра од член 1. од овие правила се доделуваат вкупно 43 (со букви: четириесетитри) награди.
Член 5. Наградната игра ги опфаќа учесниците од целата територија на Република Македонија
Член 6. Право на учество во наградната игра немаат вработените во Крашкомерц д.о.о.е.л. Краш Скопје и Агенцијата ИДЕА Плус Комуникејшнс, Скопје.
Член 7. Фондот на награди во наградното извлекување, кое го утврдува организаторот е:
Член 8. Сите награди се до вклучен ДДВ
Член 9. Извлекувањето на добитниците ќе се одржи во просториите на Краш бонбониера продавница 1, ул. Македонија бр.43, 1000 Скопје на ден 04.09.2010 година.
Член 10. Имињата на добитниците ќе бидат објавени во „Дневник“ и „Вест“ во рок од 3 дена по извлекувањето на добитниците, како и на веб страната на Крашкомерц Краш д.о.о.е.л. www.kras.mk.
Член 11. Рокот за подигнување на наградите од наградната игра е 60 дена од денот на објава на добитниците во дневните весници.
Член 12. Во случај организаторот да оцени и докаже дека учесникот не ги почитувал Правилата на наградната игра, има право во било кое време да ги откаже сите обврски према учесникот.
Член 13. Сите учесници во оваа наградна игра, се согласни да во случај да добијат некоја од наградите, Организаторот има право да го објави и користи нивното име, презиме, адреса и слика без никаква надокнада во пречатени, звучни, сликовити или видео материјали.
Член 14. Малотните лица имаат право да учествуваат во наградната игра во согласност со законот.
Член 15. Добитникот не подлежи на никакви даночни обврски, ниту плаќања поврзани со наградите
Член 16. Наградната игра може да се прекине во случај на виша сила.
Член 17. Учествувајќи во наградната игра секој учесник ги прифаќа правата и обврските од овие Правила.
Член 18. Овие правила се применуваат откако Министерството за финансии на РМ за нив ќе даде согласност и истите ќе бидат објавени во дневниот печат и важи до денот на објава на резултатите од извлекувањето во завршниот круг од наградната игра. Крашкомерц д.о.о.е.л. Краш Скопје Управител
Powered by !JoomlaComment 4.0alpha3
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прехрамбената индустрија „Краш“ а.д. Загреб организира наградна игра под името „Кралска авантура“ во периодот од 01.04.2010 -31.08.2010 година.


