|
24 часа Пелистерка е наградна игра со капачиња од сите видови на ПЕЛИСТЕРКА вода (Пелистерка газирана вода, Обична вода, Пелистерка Light)
Право на учество имаат сите лица кои купиле било која вода од ПЕЛИСТЕРКА програмата на Лозар ПЕЛИСТЕРКА, односно лицата кои поседуваат едно Пелистерка капаче (пластично бело или сино транспарентно, со натпис Пелистерка или метално златно со натпис Пелистерка)
Сите купувачи на Пелистерка производите можат датумот и серискиот број што е запишан на капачето т.е. сите податоци од капачето на производот да ги испратат по СМС порака во форма 15/04/2010 В 14:29 219154 (пример) на телефонскиот број 142 155 определен од Приредувачот. Освен овие информации, учесникот во наградната игра, треба да го напише и своето име и презиме и адреса на живеење. Цената на една СМС порака изнесува 5ден.плус ДДВ.и може да се испраќа од сите мобилни оператори. Рокот за испраќање на СМС пораките е 23.55 мин. на 15 Септември 2010 год.
|