| Со SMS до милион! |
![]() Пристигна најголемата SMS наградна игра на T-Mobile Со SMS до милион!
Помеѓу 21ви Ноември 2011 година и 12ти февруари 2012 година T-Mobile ќе Ви даде шанса да освоите фантастични награди!
100.000 ден. секој ден 84 дена! 2 VW Polo, едно секој месец! и Главна награда 1.000.000 ден.! Едноставно пратете SMS на 1400 и учествувајте во наградната игра! (цена: 45 ден./SMS) Како да учествувате За да учествувате во наградната игра се што треба да направите е да пратите SMS со текст START на 1400 (цена: 45 ден./SMS). Тоа Ви ги носи првите 10 поени! Наградната игра се состои од серија прашања со понудени одговори кои треба да се одговорат за да се освојат поени. Прашањето може да се одговори со праќање SMS на 1400 со цифрата 1 или 2 во зависност од избраниот одговор. Секој точен одговор Ви носи 20 (или повеќе) поени кои се еднакви на исто толку влезови во дневните извлекувања. Секој неточен одговор Ви носи 10 поени за извлекувањата. За време на играта, ќе имате шанса да соберете повеќе поени преку дополнителни предизвици. Колку повеќе одговори праќате, толку повеќе поени се собираат и Ви ги зголемуваат шансите за добивка! Промоцијата е отворена за сите T-Mobile корисници без разлика дали се при-пејд или пост-пејд, кои се постари од 18 години. За повеќе детали, Ве молиме да ги прочитате Условите. Награди
За 12 недели, “Со SMS до милион”! T-Mobile наградната игра им нуди на корисниците на T-Mobile можност да освојат неверојатни награди.100.000 ден. секој ден во тек на 84 дена! VW Polo секој месец во првите два месеци! и финална Главна награда 1.000.000 ден. во готово! Секоја награда се доделува преку извлекувања: поените што ги поседувате претставуваат број на влезови што ги имате во извлекувањата. Поените се собираат: со секој одговор пратен преку SMS влегувате во соодветното дневно/месечно/главно извлекување со сите поени што ги имате освоено во текот на наградната игра. Едноставно е: само пратете SMS на 1400 (цена на секој SMS = 45 ден. со ДДВ) и започнете да собирате поени! Колку повеќе поени соберете, поголеми се шансите да бидете следниот добитник! Правила на интерактивна игра „Со СМС до милион“
Субјект кој ја организира интерактивната игра: Т-Мобиле Македонија АД Скопје, Орце Николов бб, Скопје, (во понатамошниот текст ОРГАНИЗАТОР)1 Име, времетраење и учество 1.1 Играта е организирана како интерактивна игра на среќа. Името на играта е „Со СМС до милион“, а територијата на која ќе се спроведе играта е територијата на Република Македонија. 1.2 “Со СМС до милион“ (во понатамошниот текст ИГРА ) е игра базирана на прашања и одговори со учество преку СМС пораки. ИГРАТА ќе трае почнувајќи од 21.11.2011 година (понеделник) од 12:00 часот, до 12.02.2012 година (недела) до 23:59 часот.( ПЕРИОД НА ИГРАТА). 1.3 За да се учествува во ИГРАТА, потребно е да се испрати СМС порака на краткиот код 1400 (во понатамошниот текст КРАТОК КОД). Секоја СМС порака се наплаќа по 45,00 денари со вклучен ДДВ. СМС пораките кои ги испраќа ОРГАНИЗАТОРОТ се бесплатни. Штом претплатникот ќе ја испрати првата СМС порака, истиот станува УЧЕСНИК во ИГРАТА. 2 Услови за учество во играта 2.1 Во ИГРАТА може да учествуваат сите жители на Република Македонија кои се претплатници на Т-Мобиле Македонија (ОРГАНИЗАТОРОТ), и припејд и постпејд претплатници, кои се постари од 18 години, исклучувајќи ги сите вработени и членови на нивните потесни семејства на ОРГАНИЗАТОРОТ и Upstream Mobile Marketing Limited, како и вработените и членовите на нивните потесни семејства во нивните матични и/или поврзани компании. За УЧЕСНИК во ИГРАТА се смета сопственикот на СИМ картичката или лицето кое има изрично овластување од сопственикот на СИМ картичката истата да ја користи, без оглед на стварниот имател на телефонот. 3 Наградни периоди и награди 3.1 ИГРАТА се состои од дневни периоди, месечни периоди и Главен Период (секој период се нарекува НАГРАДЕН ПЕРИОД), при што секој НАГРАДЕН ПЕРИОД е независен од останатите периоди, и за секој НАГРАДЕН ПЕРИОД се одржува по едно извлекување. 3.2 За да се квалификува за учество во било кој НАГРАДЕН ПЕРИОД, УЧЕСНИКОТ мора да испрати најмалку една СМС порака во текот на соодветниот НАГРАДЕН ПЕРИОД. Испраќањето на СМС порака му овозможува учество на УЧЕСНИКОТ во повеќе периоди, ако тие периоди се преклопуваат. 3.3 За секој НАГРАДЕН ПЕРИОД расположлив е одреден број награди, како што е дефинирано во табелата подолу: ТИП НА НАГРАДА ВРЕДНОСТ [Денари] БРОЈ НА НАГРАДИ ИНТЕРВАЛ НА ДОДЕЛУВАЊЕ ДАТУМИ НА НАГРАДНИОТ ПЕРИОД МЕХАНИЗМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ДНЕВНА 100.000,00 денари во готовина 84 СЕКОЈ ДЕН ДНЕВЕН 21/11/2011(12:00:00) – 21/11/2011(23:59:59) 22/11/2011(00:00:00) – 22/11/2011(23:59:59) 23/11/2011(00:00:00) – 23/11/2011(23:59:59) 24/11/2011(00:00:00) – 24/11/2011(23:59:59) … и така натаму, сé до последниот дневен период: 12/02/2012(00:00:00) – 12/02/2012(23:59:59) ИЗВЛЕКУВАЊЕ МЕСЕЧНА Volkswagen Polo 1.2L, 60 (10.000,00 евра со вклучен ДДВ) 615.038,00 денари (малопродажна цена) 2 СЕКОЈ МЕСЕЦ (ПРВИТЕ ДВА МЕСЕЦИ) 21/11/2011 (12:00:00) – 18/12/2012 (23:59:59) 19/12/2011 (12:00:00) – 15/01/2012 (23:59:59) ИЗВЛЕКУВАЊЕ ГЛАВНА 1.000.000,00 денари во готовина 1 НА КРАЈОТ НА ИГРАТА 21/11/11 (12:00:00) – 12/02/12 (23:59:59) ИЗВЛЕКУВАЊЕ 3.4 Вкупната вредност на наградите (како што е дефинирано во точка 3.3) изнесува 10.630.076,00 македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ. 3.5 Наградите мора да се подигнат како што се доделени, не смее да се заменуваат за други награди или готовина и не може да се пренесат на друго лице.. Бојата на автомобилите е по дискреција на ОРГАНИЗАТОРОТ. Исплатата на паричните награди на добитниците и преземањето на автомобилите од добитниците ќе се изврши во рок од 60 (шеесет) дена од моментот на објавување на соодветните добитници, како што е наведено подолу во точките 6.4. и 6.5, вовреме и место дополнително определени од ОРГАНИЗАТОРОТ. 3.6 ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го сноси на свој товар персоналниот данок на остварени лични приходи поврзан со доделување на наградите. 3.7 Сите трошоци за кои изрично не е наведено дека паѓаат на товар на ОРГАНИЗАТОРОТ, паѓаат на товар на добитниците. Меѓу другото, даноците поврзани со наградата (освен персоналниот данок на остварени лични приходи), трошоците за регистрација и осигурување на возилото, нотарските трошоци за пренос на сопственоста на возилото, давачки поврзани со издавање на дозволи, паѓаат на товар на добитникот. 4 Игра и бодување 4.1 Првата СМС порака (со или без содржина) испратена од претплатникот му овозможува на претплатникот учество во играта и истата се нарекува СМС ПОРАКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА. Како одговор на СМС ПОРАКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА, УЧЕСНИКОТ ќе добие две СМС пораки за Прием во играта и СМС порака со првото прашање. 4.2 Секоја СМС порака со прашање го содржи прашањето, бројот на поени кои УЧЕСНИКОТ може да ги освои и 2 алтернативни одговори во формат 1=AAAAA, 2=БББББ. УЧЕСНИКОТ мора да го избере точниот одговор и да го испрати САМО соодветниот број 1 или 2. 4.3 На секоја СМС порака со која УЧЕСНИКОТ дава одговор на прашањето содржано во претходната СМС порака, УЧЕСНИКОТ ќе добие две нови СМС пораки: со првата порака се известува дали го одговорил точно прашањето, а со втората порака му се поставува следно (ново) прашање. 4.4 За секој точен одговор УЧЕСНИКОТ добива најмалку 20 или повеќе поени во зависност од фазата на играта во која се наоѓа УЧЕСНИКОТ. За секој неточен или погрешен одговор учесникот добива 10 поени. 4.5 Во текот на ПЕРИОДОТ НА ИГРАТА, УЧЕСНИКОТ, заедно со поставеното прашање може да добие покана за посебен предизвик кој му овозможува бонус поени. Посебните предизвици се, на пример, точен одговор на 3 последователни прашања, точен одговор на 5 прашања во рок од 30 минути, двојно поени за точни одговори во следните два часа итн. Со успешно завршување на предизвикот на УЧЕСНИКОТ му се доделуваат бонус поени. 5 Трошоци 5.1 Секоја СМС порака испратена од претплатник на КРАТКИОТ КОД 1400 се наплаќа 45,00 денари со вклучен ДДВ. 5.2 УЧЕСНИЦИТЕ може да побараат да не им се испраќаат понатамошни СМС пораки во ИГРАТА, со испраќање на СМС порака со содржина “СТОП“ на краткиот код 1401 (во понатамошниот текст СТОП КРАТОК КОД). Испраќањето на СМС пораката со содржина “СТОП“ на СТОП КРАТОК КОД е бесплатно (0,00 денари). ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го соопшти СТОП КРАТКИОТ КОД како краток код кој треба да се користи за испраќање на командата “СТОП“. УЧЕСНИЦИТЕ може да побараат да не им се испраќаат понатамошни СМС пораки во ИГРАТА со јавување во контакт центарот на ОРГАНИЗАТОРОТ на бројот 122, при што цената на повикот е утврдена согласно ценовникот на тарифниот модел на УЧЕСНИКОТ. УЧЕСНИЦИТЕ може да побараат да не им се испраќаат понатамошни СМС пораки во ИГРАТА, со испраќање на СМС порака со содржина “СТОП“ на КРАТКИОТ КОД 1400, но во овој случај СМС пораката ќе се наплати 45,00 денари (со вклучен ДДВ). 6 Избор на добитниците, известување на добитниците и губење на правото на наградата 6.1 Сите извлекувања се вршат преку електронски уреди врз основа на случаен алгоритам без човечка интервенција, во просториите на Т-Мобиле Македонија АД Скопје или во други простории определени од ОРГАНИЗАТОРОТ. Извлекувањето на наградите за сите НАГРАДНИ ПЕРИОДИ кои завршиле во претходната седмица, се врши првиот работен ден во седмицата.. Сите УЧЕСНИЦИ кои испратиле СМС порака во текот на соодветниот НАГРАДНЕН ПЕРИОД учествуваат во извлекувањето. Секој УЧЕСНИК учествува со можност за добивка правопропорционална на бројот на поени кои ги добил до крајот на односниот НАГРАДЕН ПЕРИОД. Во бројот на поени се вклучени и поените добиени во претходните НАГРАДНИ ПЕРИОДИ. 6.2 За секоја награда во соодветниот НАГРАДЕН ПЕРИОД, се избира еден добитник и 10 второпласирани УЧЕСНИЦИ-добитници. 6.3 ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го контактира односниот добитник на мобилниот телефонски број кој тој го користел за да учествува во ИГРАТА. ОРГАНИЗАТОРОТ ќе се обиде да го контактира добитникот најмалку 3 пати на ден во периодот помеѓу 10:00 и 20:00 часот Доколку ОРГАНИЗАТОРОТ, и покрај вложените напори, не успее да стапи во контакт со добитникот во период од 3 дена , добитникот се дисквалификува и го губи правото на наградата. Во таков случај, ОРГАНИЗАТОРОТ, ќе се обиде да го контактира следниот второпласиран УЧЕСНИК-добитник. 6.4 Дневните награди и главната награда (во готовина) ќе се исплатат на трансакционата сметка на добитникот. 6.5 Месечните награди (автомобилите) ќе бидат доделени на добитникот по принцип клуч на рака. 6.6 За да се стекне со право на подигнување на наградата, добитникот треба да ги достави потребните докази дека ги исполнува условите за учество во интерактивната игра и да потпише образец за прифаќање (во форма и содржина определена од ОРГАНИЗАТОРОТ) пред да може да се подигнат наградите. Доколку добитникот не обезбеди соодветен доказ во рок од 15 (петнаесет) дена од датумот кога бил контактиран, добитникот се дисквалификува и го губи правото на наградата. Во таков случај, ОРГАНИЗАТОРОТ, согласно процедурата наведена во точка 6.3, ќе се обиде да го контактира следниот второпласиран УЧЕСНИК-добитник. 6.7 Доколку добитникот има било какви доспеани, а неисплатени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот треба да ги подмири таквите обврски во рок од 4 (четири) дена од моментот кога е контактиран од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ. Доколку таквите обврски не се подмират во рамките на предвидениот период, добитникот го губи правото на наградата. 6.8 Доколку СИМ картичката на добитникот е регистрирана на правно лице, како добитник на наградата се смета правното лице, освен ако стварниот имател на СИМ картичката е овластен со писмено овластување од правното лице да ја подигне наградата во свое име и за своја сметка. 6.9 Доколку добитникот не ја подигне наградата во рок од 15 (петнаесет) дена од датумот кога бил контактиран, истиот го губи правото на наградата. Во таков случај, ОРГАНИЗАТОРОТ, согласно процедурата наведена во точка 6.3, ќе се обиде да го контактира следниот второпласиран УЧЕСНИК-добитник. 6.10 Доколку добитникот и сите второпласирани УЧЕСНИЦИ-добитници го изгубат правото на наградата, истата се смета дека не е подигната и останува во сопственост и располагање на ОРГАНИЗАТОРОТ. 6.11 Добитникот е согласен да се употребат неговото име, презиме и место на живеење за да се објави наградата. Слика и лик од добитникот содржани во фотографските записи, аудио, видео и друг вид на записи, направени за целите на рекламирање поврзани со ИНТЕРАКТИВНАТА ИГРА во кој било промотивен материјал подготвен од ОРГАНИЗАТОРОТ е биде предмет на дополнителна согласност од добитникот, како дел од образецот за прифаќање наведен во точка 6.6. Добитникот нема право на било каков надомест при евентуална употреба на дополнителните лични податоци. 6.12 Секој УЧЕСНИК има право да добие само една награда по категорија на награда (како што е дефинирано во 3.3. 6.13 Во случај на несогласување, УЧЕСНИКОТ може да поднесе приговор до Организаторот, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите, на адреса на деловните простории на Организаторот. 6.14 Организаторот е должен да одлучи по приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го извести УЧЕСНИКОТ. Евентуалните недоразбирања ќе се решаваат во духот на договорот и спогодбено, а во случај на спор истиот ќе биде решен во согласност со важечките закони на Република Македонија и пред надлежниот суд. 7 Злоупотреба и дисквалификација 7.1 УЧЕСНИЦИТЕ не смеат да користат апарати кои испраќаат автоматски СМС пораки или со кои се автоматизира и олеснува процесот на доставување одговори или било какви други алтернативи за испраќање СМС пораки, освен мобилен телефон (со ова се забранува употреба на било какви GSM модеми приклучени на компјутер или мобилни телефони приклучени на компјутер). ОРГАНИЗАТОРОТ има право да го дисквалификува секој УЧЕСНИК за кого постои сомневање дека ја прекршува оваа обврска. 8 Одговорности на организаторот 8.1 Одговорноста на ОРГАНИЗАТОРОТ е строго ограничена на доделување на наградите. ОРГАНИЗАТОРОТ не е одговорен за какво било доцнење или неможност да се испрати или прими СМС порака поради технички проблеми. Сите СМС пораки се сметаат за примени од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ, во моментот кога истите ќе се регистрираат во IT системот на ИГРАТА, а не во моментот кога истите се испратени од УЧЕСНИКОТ. Сите СМС пораки се сметаат за примени од страна на УЧЕСНИКОТво моментот кога истите се испратени од IT системот на ИГРАТА. УЧЕСНИЦИТЕ се согласуваат и прифаќаат дека дневникот на информатичкиот систем на it системот на ИГРАТА е доказ за точното време (датумот, часот, минутите и секундите) кога тие ја примиле/испратиле секоја СМС порака. 9 Заштита на лични податоци 9.1 Со испраќање на СМС ПОРАКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА за учество во ИГРАТА, УЧЕСНИЦИТЕ недвосмислено се сложуваат и ја даваат своја изрична согласност дека личните податоци кои тие ги доставуваат се чуваат и обработуваат од ОРГАНИЗАТОРОТ за целите на спроведување на ИГРАТА, во согласност со постојниот Закон за заштита на лични податоци и соодветните прописи во Република Македонија. ОРГАНИЗАТОРОТ гарантира дека објавувањето, вклучително и размената на личните податоци со трети лица доставени како резултат на учество во ИГРАТА (вклучувајќи преку телевизија, конференција за печат, брошури и други средства и форми на комуникација) ќе се врши единствено во врска со добитниците на наградите и ќе ги содржи единствено личните податоци, како што е наведено во точка 6.11. По барањето за прекин на учеството во ИГРАТА, како што е наведено во точка 5.2, употребата на лични податоци за комуникација ќе биде прекината и по прекинот на ИГРАТА, личните податоци ќе се уништат на начин кој е во согласност со барањата за заштита на лични податоци. 9.2 Во согласност со постојниот Закон за заштита на лични податоци и останатите важечки прописи во Република Македонија, ОРГАНИЗАТОРОТ ја почитува приватноста на УЧЕСНИЦИТЕ во оваа ИГРА, со што тој е обврзан да ја користи технологијата на транспарентен начин и со строго почитување на правата, слободите и гаранциите на граѓаните и да го заштити нивниот приватен и семен живот. Личните податоци собрани во рамките на ИГРАТА се сметаат за приватни и доверливи и се користат единствено за целите на ИГРАТА. ОРГАНИЗАТОРОТ ги презема сите организациски и технички мерки кои се соодветни на ризикот од обработката и природата на податоците кои се обработуваат, со цел да спречи неовластен пристап или употреба, менување или уништување на личните податоци. За целите на ИГРАТА, ОРГАНИЗАТОРОТ ќе ги пренесе податоците до назначениот обработувач на податоци, врз основа на потпишан договор за обработка на лични податоци, кој договор се регулира со важечките закони на Република Македонија. Личните податоци не се обелоденуваат на други поединци или организации, освен во случај пропишан со закон или кога тоа е одобрено од самите УЧЕСНИЦИ. Податоците ќе се чуваат на сервери со контролиран пристап согласно потребите и заштитен со лозинка. 10 Меродавно право и измени 10.1 Оваа ИГРА е организирана и регулирана во согласност со важечките закони во Република Македонија. 10.2 Овие Правила важат во текот на ПЕРИОДОТ НА ИГРАТА. 10.3 Секое откажување на интерактивната игра на среќа, доколку таквото откажување е потребно, се спроведува во согласност со закон. Во случај ИГРАТА да биде прекината пред истекот на ПЕРИОДОТ НА ИГРАТА, а таквиот предвремен прекин е спроведен во согласност со закон, ОРГАНИЗАТОРОТ ќе ги додели сите НАГРАДИ кои соодветствуваат на НАГРАДНИТЕ ПЕРИОДИ кои се веќе завршени или започнати. ОРГАНИЗАТОРОТ нема да се додели награди за НАГРАДНИТЕ ПЕРИОДИ кои не започнале.
Powered by !JoomlaComment 4.0alpha3
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||




