| Со Пепси до MIX награди |
|
Купете Pepsi од 0,25, 0,5 или 1,5 л и испратете го кодот што се наоѓа на внатрешниот дел од етикетата преку CMC на телефонскиот број 14744 и во текот на 6 недели станете потенцијапен добитник на една од многуге вредни награди. При подигнување на наградата приложете ја добитната повратна порака.
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
1. Организатор на наградната игра со име „Со Пепси до микс награди“ е Прилепска Пиварница АД – Прилеп, со седиште на ул Цане Кузманоски бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104. 2. Времетраење на играта: Наградната игра „Со Пепси до микс награди” започнува од 14 мај 2012 година и ќе трае до 24 јуни 2012 година. 3. Место на одржување на наградната игра: на целата територија на Република Македонија 4. Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производот Пепси од Прилепска Пиварница АД – Прилеп (организатор на наградната игра), во пакување од 0,25 л стаклена амбалажа, 0,5 л, и 1,5 л ПЕТ амбалажа, а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп и нивните блиски семејства. 5. Наградната игра Организаторот на наградната игра Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на неговиот производ „Пепси“. 6. Начин за учество во наградната игра: За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи производ „Пепси“ од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп во било кое пакување од наведените (0,25 л стакло, 0,5 л или 1,5 л ПЕТ амбалажа), и да се испрати единствениот код кој се наоѓа на внатрешната страна на етикетата преку СМС порака на телефонскиот број 147 44. СМС пораките може да се испратат од било кој оператор на територијата на Република Македонија и истите чинат 5 денари + ДДВ. 7. Пораките се испраќаат најдоцна до 24 јуни 2012 година до 24.00 часот. 8. Во извлекувањето на наградите учествуваат сите телефонски броеви од кои се испратени единствените кодови на етикетите кои учествуваат во наградната игра, а се пристигнати до организаторот на наградната игра до 24 јуни 2012 година до 24.00 часот 9. Извлекувањето на наградите освен на главната награда ќе биде организирано на тој начин што на секој ден во 10.00h, 12.00h, 14.00h, 16.00h, 18.00h, 20.00h и 22.00h додека трае наградната игра (од 14 мај 2012 година до 24 јуни 2012 година) по случаен електронски избор ќе биде извлекуван по еден добитник на фудбалска топка (вкупно 7 дневно), секој ден во 11.00h, 15.00h, 17.00h, 19.00h и 21.00h додека трае наградната игра (од 14 мај 2012 година до 24 јуни 2012 година) по случаен електронски избор ќе биде извлекуван по еден добитник на маица (вкупно 5 дневно) и секој ден за истиот период во 13.00h еден добитник на iPod Shuffle (MP3 player iPod 2GB). Секоја недела во седмицата за цел период додека трае наградната игра по случаен електронски избор во 13.30 h ќе биде извлекуван еден добитник на iPod (MP3 player iPod 8GB), во 17.30h еден добитник на iPad 2 (Tablet iPad 2 16GB) и еден добитник на MacBook Air (Laptop) во 21.30h. Извлекувањето по случаен електронски избор ќе го извршува СМС Комуникации ДОО Скопје, на ул.„Коста Шахов“ бр.11 во Скопје. Извлекувањето пак на главната награда автомобил Honda Civic ќе биде извршено јавно во студиото на Сител ТВ (адреса Градски стадион ББ Скопје) на 27 јуни 2012 г. во 10.55h во емисијата Бекстејџ, со влечење на недобитните кодовите претходно испратени преку СМС пораки, а кои се претходно испечатени и сместени во сад. Реприза на извлекувањето ќе биде емитувана еднаш на 27.06.2012 година во 18.35h и вторпат на 28.06.2012 година во 01.25h. 10.Погрешно испратените или повторно испратените кодови ќе биде третирани како нерегуларни и нема да учествуваат во извлекувањето. 11.Добитниците на наградите ќе бидат објавувани редовно (во рок од 24 часа по направениот избор) на WEB страницата на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп www.prilepskapivarnica.com.mk и www.pepsi.com.mk , додека добитникот на главната награда ќе биде објавен и во печатениот медиум, дневниот весник Вест на 30 јуни 2012г. На добитниците ќе им бидат испратени од организаторот на наградната игра и повратна СМС порака со известување дека истите се добитници на соодветната награда. 12. Извлекувањето на наградите ќе го контролира жири комисија составена од 3 члена: 1 претставник на Прилепска Пиварница АД – Прилеп, 1 претставник на маркетинг агенцијата “Ovation BBDO”-Скопје и 1 претставник на Сител ТВ. 13.Подигањето на наградите ќе се врши во рок не подолг од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците. После истекот на 60-те дена Прилепска Пиварница АД – Прилеп нема никаква одговорност околу наградите. Подигнувањето на наградите ќе биде од седиштето на Прилепска пиварница АД – Прилеп (ул„Цане Кузманоски“ бр.1, Прилеп) додека за добитниците со живеалиште или престојувалиште во Скопје наградите ќе бидат подигнувани од Прилепска пиварница АД – Прилеп, Подружница Дистрибутивен центар Скопје (ул„Кадински пат“ ББ Скопје) со тоа што добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување на повратната СМС порака дека истиот е добитник на наградата. 14.Незадоволната странка има право на приговор во рок од 5 дена од денот на доделувањето на наградата, а Прилепска Пиварница АД – Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на поднесувањето на истиот. 15.Правилата на наградната игра со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра www.prilepskapivarnica.com.mk и www.pepsi.com.mk, пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира и во весниците, ќе се емитуваат и телевизиски спотови, на билборди и постери. 16.Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име Со Пепси до Микс награди ” во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп: Р.бр. опис на награда количина единечна цена 1 Топки за фудбал х 294 2 Фудбал маички х 210 3 Mp3 pleer ipod х 2 GB 4 Mp3 pleer ipod х 8 GB 5 Tablet Ipad 2 х 16 GB 6 Lap top х 6 7 Honda Civic (главна награда) х 1 Извлекување ќе се организира за сите награди. Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска Пиварница АД – Прилеп од својот буџет за реклами. Организатор, Прилепска пиварница АД – Прилеп
Powered by !JoomlaComment 4.0alpha3
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||




