Со ОNE до милион

 

 

Ова летo започнува големата SMS трка - со ОNE до милион.

Твојот ONE број вреди милион. Испрати СТАРТ на 1456 и почни ја трката!

Одговарај точно, освој што повеќе тикети и натпреварувај се за дневната добивка од 10 000 денари, а со повеќе освоени тикети - добиваш поголеми шанси во неделното извлекување за 100 000 денари!

Предизвикај ја твојата среќа и играј за главната награда од 1.000.000 денари!

Активирај се и не ја пропуштај ја трката со ОNE до милион!

За да се одјавите од квизот пратете SMS со содржина STOP на 1456 или јавете се на 181.

Цена на SMS е 25 ден. Повеќе инфо на 181.

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА на Наградната игра”Биди милионер”

Член 1. ОРГАНИЗАТОР
Oрганизаторот на СМС Наградната игра “Биди милионер” (од тука па натаму споменуван како “Наградна игра”) е Трговско друштво ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје на ул.11-ти Октомври бр.25, 7 кат, канцеларија 705, 1000 Скопје (од тука па натаму споменуван како “Организатор”) во согласност со овие Официјални правила на Наградната игра (од тука па натаму споменувани како „Официјални правила”).
Коорганизатор на СМС Наградната игра “Биди милионер” е ОНЕ Телекомуникациски услуги ДОО Скопје на ул. БУЛЕВАР КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ Бр.15, Скопје (од тука па натаму споменуван како “Оператор”).

Член 2. ОПИС И ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
СМС Наградната игра “Биди милионер” е игра на знаење и среќа. Учесниците со помош на кратка текстуална порака (SMS) на бројот 1456 (Број на Наградната игра) се вклучуваат во игра на знаење, и одговараат на прашања за кои е потребно поседување на конкретни знаења од општа култура и интелектуални умеења.

Член 3. ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува на територијата на Р. Македонија и е достапна само за корисниците на OНЕ Телекомуникациски услуги АД Скопје

Член 4. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 1-ви Јуни 2011 година и ќе трае до 30-ти Август 2011 година.

Член 5. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество во Наградната игра имаат сите деловно способни физички лица (кои навршиле 18 години) кои се жители на Р. Македонија и сите правни лица регистрирани во Р. Македонија, кои се корисници на услугите на мобилна телефонија на Операторот.
Вработените во ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС и ОНЕ како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во Наградната игра.

Член 6. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Учесник во Наградната игра е секое физичко или правно лице кое има право на учество во Наградната игра, и кое што во периодот на Наградната игра:
- Се регистрирал за учество во Наградната игра според постапката предвидена во овие Официјални правила;
- Нема неплатени обврски за користени услуги кон Операторот и чијашто SIM картичка не е деактивирана во текот на Наградната игра како и во моментот на добивање на награда од Наградната игра.
Како учесник во Наградната игра се смета:
- физичкото или правно лице со кое Операторот има склучено претплатнички договор за бројот, доколку учеството е остварено со регистрација од пост-пејд број на Операторот,
- лицето кое е фактички корисник на бројот, ако учеството е остварено со регистрација од при-пејд број на Операторот
Со испраќање СМС порака со било каков текст или со испраќање на СМС порака без текст на бројот 1456 (“Број на наградната игра”) Учесникот ги прифаќа Официјалните правила на Наградната игра.
Организаторот нема никаква одговорност пред учесниците чиј телефонски број бил искористен за учество во наградната игра од страна на трето лице.
Организаторот се задолжува да не им дава на трети лица лични податоци на учесниците во Наградната игра, а кои податоци ги дознал во текот на времетраење на истиот.

Член 7. ТАРИФИРАЊЕ
Секоја СМС порака испратена на бројот 1456 (без разлика на содржината на СМС пораката) ќе се наплаќа 25 денари со вклучен ДДВ. Сите повратни СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Член 8. МЕХАНИЗАМ НА НАГРАДНАТА ИГРА
8.1. Учесникот се вклучува во Наградната игра испраќајќи СМС порака со било каков текст или СМС порака без текст на бројот 1456.
8.2. На учесникот преку СМС пораки му се испраќа назад потврда за регистрација во Наградната игра, и краток опис на Наградната игра и начин на играње
8.3. Начин на игра:
- Учесникот кој е веќе регистриран добива прашање по случаен избор на коешто се одговара со 1 или 2.
- Првите седум прашања во даден ден се прашања од Основната зона. За точен одговор на прашање од Основната зона учесникот освојува 10 поени
- Следните осум прашања во дадениот ден се прашања од Бонус зоната. За точен одговор на прашање од Бонус зоната учесникот освојува 40 поени
- По точно одговарање на 15 прашања во дадениот ден, учесникот влегува во Мега Бонус зоната. За точен одговор на прашање од Мега Бонус зоната учесникот освојува 80 поени
- По секои 5 точно одговорени прашања во Мега Бонус зоната, учесникот добива дополнително Златно прашање. За точен одговор на дополнителното Златно прашање, Учесникот освојува 150 поени
- За погрешно одговорено прашање учесникот не освојува поени
- Откако учесникот ќе одговори на поставеното прашање, му се праќа веднаш друго прашање.
8.4 ТИКЕТ: Секои освоени 10 поени образуваат 1 ТИКЕТ.
8.5 Со праќање на СМС порака со текст “TIKET” на бројот на Наградната игра, учесникот може да добие информација за бројот на освоени ТИКЕТИ.
8.5 Учесникот може во секој момент да се одјави од Наградната игра со испраќање на текст STOP на Бројот на наградната игра 1456 или со јавување во центарот за грижа за корисници на Операторот 181. По одјавувањето, учесникот сеуште учествува во извлекувањата за неделните награди и главната награта со веќе освоените ТИКЕТИ.

Член 9. НАГРАДЕН ФОНД
Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:
1. Дневна награда: 10.000 денари; Вкупно: 91 (деведесет и една) дневни награди
2. Неделна награда: 100.000 денари; Вкупно: 13 (тринаесет) неделни награди
3. Главна награда: 1.000.000 денари; Вкупно: 1 (една) награда
Вкупниот награден фонд изнесува 3.210.000 МКД.
Количината на паричните награди од Наградната игра е ограничена и во никој случај нема да бидат доделени повеќе парични награди од оние кои што се претходно определени. Нема да постои замена на паричните награди со други награди од иста вредност!
Наградниот фонд е обезбеден од страна на Организаторот.

Член 10. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
10.1. Дневни награди
Во дневната класификација влегуваат сите учесници, кои што во периодот од 00:00:00 часот до 23:59:59 часот на дадениот ден освоиле најмалку еден ТИКЕТ.
Добитник на дневната награда за даден ден е учесникот кој во дадениот ден освоил најмногу ТИКЕТИ од дадените точни одговори на поставените прашања, а немал претходно освоено дневна награда.
Секој учесник може да освои најмногу една дневна награда. Поради избегнување на секакво сомнение: во случај кога некој учесник освоил дневна награда, истиот учесник може да учествува само во извлекувањата за неделните награди и главната награда.
10.2. Неделни награди
Во неделната класификација влегуваат сите учесници коишто во дадената седмица освоиле најмалку еден ТИКЕТ.
Добитникот на неделната награда се извлекува по случаен избор со помош на специјален софтвер.
Секој освоен ТИКЕТ во текот на дадената седмица на учесникот му обезбедува по едно учество во извлекувањето за неделна награда.
10.3 Главна награда
Во класификацијата за главната награда влегуваат сите учесници коишто во тек на Наградната игра освоиле најмалку еден ТИКЕТ
Добитникот на главната награда се извлекува по случаен избор со помош на специјален софтвер.
Секој освоен ТИКЕТ во тек на целата Наградна игра на учесникот му обезбедува по едно учество во извлекувањето за главната награда.
10.4 Определување на добитници
Добитниците на дневните награди се утврдуваат софтверски во просториите на Организаторот, со помош на специјален софтвер кој го определува учесникот со најголем број тикети за претходниот ден.
Добитниците на неделните награди се определуваат софтверски со извлекување по случаен избор, со помош на посебен софтвер на Организаторот. Извлекувањето се извршува еден ден по завршување на седмицата за која се доделува наградата, и ќе биде емитувано на Алсат-М телевизија.
Добитникот на главната награда се определува софтверски со извлекување по случаен избор, со помош на посебен софтвер на Организаторот. Извлекувањето се извршува еден ден по завршување на Наградната игра, и ќе биде емитувано на Алсат-М телевизија.
Извлекувањето на наградите, односно определувањето на добитниците ги контролира комисија составена од претставник на Организаторот и претставник на Операторот.

Член 11. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ИСПОРАЧУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
11.1 Телефонските броеви на добитниците на наградите ќе бидат објавувани на интернет страницата www.one.mk најдоцна во рок од 3 работни дена од денот за кој се однесува наградата.
11.2. Вработен кај Организаторот во рок од 3 работни дена од денот за кој се однесува наградата го контактира секој учесник кој освоил награда преку јавување на бројот, со којшто учесникот партиципирал во Наградната игра со цел да го извести за наградата и начинот како истата да ја подигне. За време на јавувањето од оваа точка, соодветниот учесник треба да ги достави своите податоци (име и ЕМБГ за физички лица, или назив и ЕДБ за правни лица) заради идентификација на лицето коешто треба да ја прими освоената Награда.
11.3. Добитникот има право да ја добие наградата по истек на рокот за приговор, а во рок од 60 (шеесет) дена од денот на објавување на добитникот, освен ако не е договорено нешто друго помеѓу него и Организаторот.
11.4. За да ја добие својата награда, добитникот на наградата мора да ги исполнува сите услови наведени во овие Официјални правила, како и:
- да ја покаже SIM картичката со којашто учествувал во Наградната игра,
- задолжително да поседува трансакциона сметка, и
- да се легитимира со важечка лична карта, или лична карта и нотарски заверено полномошно во случај ако наградата ја прима полномошник.
11.5. Добивањето на наградата се потврдува со потпишување на записник меѓу учесникот и претставникот на Организаторот после доставувањето на документите согласно претходната точка 11.5.
11.6. Сите освоени награди (дневна, неделна и главна) добитниците ќе ги добијат од стана на Организаторот само на трансакциона сметка. Доделување награда на корисник на туѓа трансакциона сметка или било каков друг начин не е дозволено.
11.7. Добитникот на наградата го губи правото да ја добие соодветната награда во случај ако:
- се откаже од примањето на награда
- не ги исполнува условите за добивање награда предвидени во овие Официјални правила, како и оние во важечкото законодавство, вклучително, и кога: договорот за услуги со Операторот е раскинат поради вина на претплатникот, со чиј број е остварено учеството во наградната игра и е заработена наградата; или пак има неплатени долгови, коишто му се долгуваат на Операторот за користените услуги преку тој број; или достапот на тој број до мрежата на соодветниот оператор е прекинат; или
- во предвидениот рок за доделување на наградата не ги достави потребните информации и документи согласно точка 11.2 и 11.4 од овој член, кои се неопходни за доделување на наградата
11.8. Ако во рамките на утврдените рокови не се доделени сите награди, не се организираат повторни Класификации.

Член 12. ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани и ако целосно ги почитуваат дадените Официјални правила на Наградната игра. Организаторот нема да биде вклучен во било каква расправа за употребата на бројот на мобилен телефон од неовластено лице. Наградите ќе бидат доделени само на легитимен и квалификуван сопственик на мобилниот телефонски број со кој е освоена наградата, во согласност со Член 6.

Член 13. ОДГОВОРНОСТ
Учесникот разбира и се согласува дека учествува во Наградната игра на свој сопствен ризик.
Операторот не сноси никаква одговорност за било каква грешка, изоставување, прекин, дефект, доцнење во операција, трансмисија, или дефект во комуникациска линија.
Организаторот не дава гаранција дека корисникот ќе победи ако потроши голема сума на пари. Организаторот не дава гаранција и не наведува имплицитно или експлицитно дека било кој дел од Наградната игра ќе биде обезбеден непрекинато или без грешки.
Организаторот не одговара за:
- евентуални штети, причинети во текот или во врска со учество во Наградната игра.
- невозможноста за осигурување учество во Наградната игра кога ќе настапат околности кои се вон негова контрола, како случаи на виша сила, случајни настани, проблеми во давањето на услугите низ мрежата Операторот, вон контролата на Организаторот.
Организаторот не одговара во случај кога дадена награда не може да биде дадена или искористена поради:
- невозможност победничкиот учесник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки сврзани со конкретниот победнички учесник или негов претставник
- околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или секакви други околности.

Член 14. ПРИГОВОРИ
Во случај на несогласување, учесникот може да поднесе приговор до Организаторот, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите и тоа на адреса на деловните простории на Организаторот.
Организаторот е должен да одлучи по приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат учесникот. Евентуалните недоразбирања ќе се решаваат во духот на договорот и спогодбено, а во случај на
спор истиот ќе биде решен во согласност со важечките закони на Р.Македонија и пред надлежниот суд.

Член 15. ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДИТЕ
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на остварени лични приходи.
Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во Официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предметни или други противвредности не е дозволена. Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број на награди од назначениот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества.

Член 16. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ
Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на спор, за истиот ќе решава надлежнот суд во Скопје.

Член 17. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ
17.1. Со испраќањето на првата SMS порака до бројот на Наградната игра, Учесникот доброволно му ги дава на Организаторот неопходните лични податоци за учество во кампањата, како и својата согласност ваквите податоци да се чуваат и обработуваат од страна на Организаторот, согласно одредбите на законот за заштита на личните податоци, а за цели на кампањата
17.2. Со испраќањето на првата SMS порака до бројот на Наградната игра, Учесникот исто така дава согласност да биде контактиран од страна на Организаторот со информативни или рекламни СМС пораки во врска со Наградната игра.
17.3. Организаторот на наградната игра има право да испрати дополнителни прашања во текот на наградната игра, со тоа што прашањата ќе се испраќаат до сите учесници на наградната игра, не земајќи го правото да испраќа до едни, а до други да не испраќа. Прашањата ќе бидат со дополнителни поени за сите играчи.
17.4. Добитниците на наградите се согласуваат да бидат снимани и да учествуваат во јавни настапи на Организаторот и на Операторот со рекламен карактер без да добиваат дополнителна награда за тоа.
17.5. Информации во врска со Наградната игра може да се добијат на интернет страница www.one.mk, на телефонскиот број на Организаторот 02/3225929, или на бројот за грижа за корисници на Операторот (075)181.
17.6. Овие Официјални правила влегуваат во сила од 1-ви Јуни 2011 год.

Коментари
Додади ново Пребарај
Ljupco  - hahahhaa   |28-06-2011 09:13:44
Pogolemi sansi imam bingo da fatam odkolku 100.000 denara
Goran  - GLUPOSTI   |28-06-2011 10:29:39
Da odgovaram na prasanja za da me izvlecat. Koja g lupost.
Napravete nekoj kviz so sms poraki za naj dobriot da pobedi a ne da cekam da me izvlecat. Vo pravo si Ljupco deka pogolemi ti se sansite da do bies bingo a i pointeresno e da igras bingo odkolk u ovoj kviz sto nema vrska.
Vlado  - Nisto interesno od ONE   |29-06-2011 01:24:20
Mnogu odamna pamtam koga imase sms strategiski igr i preku mobimak i bea mnogu interesni. imase imper ator 1 i 2 so drugi drzavi, imase Champ liga nadpr evar,imase brzi prsti i toj sto bese najdobar i na juporen zasluzeno si ja zimase nagradata i neka im e so sreka. A sega ima samo glupi igri nikakvi i na izvlekuvanje.Tuka nema nisto interesno i ne vre di da se trosi pari za sms poraki
Miki  - oh leleee   |05-07-2011 12:24:54
uste li ima lugje sto se ubedeni deka ova e patot kon parite i deka vaka se zarabotuva, ednash bev m al i zelen, nema da bidam takov cel zivot. pozdrav
Borce  - koja namestaljka   |12-07-2011 15:15:46
igras kviz a te vlecat za nagrada. KOJA GLUPOST.Pa neli vo kvizovite pobeduva najdobriot a vo izvlek uvanje na loto najsrekniot
Borce  - bravo ONE i Tmobile   |12-07-2011 15:20:08
Kako i da e nagraduvaat i od ONE i T-Mobile a ovie od VIP tolku bedno od nivna strana sto nema da ti dadat i casa voda ako im padnes pred vrata.
Boris Taskovski  - Prigovor_zalba   |24-07-2011 11:01:42
Vasiot povikuvacki SMS za vlez vo igra -glasi : 4;isprati START na 1456 i ucestvuvaj vo..". Ig rata ja igraat i postari lugje koi namaat internet da gi procitaat vasite pravila i propisi( 25 den/ SMS i dr. uslovi ). Smetaat deka igrata e besplata na,no na kraj ke zazalat. Pojaven e PRAVEN moment koj ke treba da go opravdate..




pete   |19-08-2011 08:46:26
do koga vazi nagradava
daniel  - prasanje za nagradnata igra   |20-08-2011 19:16:38
zdravo jas sakam da prasam dali sum dobitnik na ne koja nagrada bidejki igrav sms kviz na znaenje i i skustvo se razbira mora da se ima licni poznavanja od opsta kultura i mi se dopadna megutoa sakam da znam kade moze da gi vidam dobitnicite na site na gradi i da prasam za glavnata nagrada koga ke se i zvlekuva blagodaram
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

google_android_logoNagradniIgriQR