Co Bepo до крстарење по Кариби!

Купувајте во Bepo и отпатувајте на одмор од вашите соништа!

Како до Вашето незаборавно патување?

Во периодот од 20/06/2011 до 18/08/2011 година, со купување на 4 промотивни производи од било кој супермаркет ВЕРО, купувачот добива 1 купон. Промотивните производи ќе бидат видно обележани на рафтовите во ВЕРО маркетите. Купонот пополнет со личните податоци, и бројот на фискалната сметка, учесникот треба да го стави во точно означените места во било кој маркет Веро.

Купонот за да биде добитен потребно е да биде пополнет со сите горенаведени податоци. Доколку учесникот заборавил да запише било кој од овие податоци, а биде извлечен на денот на извлекувањето, ќе се смета дека наградата е недоделена а купонот е неважечки и ќе се пристапи кон извлекување на друг добитник. Кутиите со купоните се чуваат затворени до извлекувањето a купоните од сите учесници пред извлекувањето ќе бидат собрани во една кутија, од каде ќе се извлекуваат добитниците на наградите. Учесниците на наградната игра мора да ја чуваат фискалната сметка до крајот на наградната игра, бидејќи со истата ќе мора да го потврдат своето учество во наградната игра, доколку бидат извлечени како добитници. Извлекувањето на наградите е од јавен карактер и ќе се одржи во сабота на 20/08/2011 во 13:00 часот во Веро центар. Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од три работни дена во дневниот весник Дневник.

Награден фонд

6 х Крстарење по Кариби за двајца

* Авионски превоз

* Крстарење по Кариби

- Мајами

- Ст. Томас

- Ст. Марен

- Порто Рико

- Хаити

2 X 10.000ден. Вредносни ваучери Веро

4 X 8.000ден. Вредносни ваучери Веро

5 X 5.ОООден. Вредносни ваучери Веро

10 X 2.000ден. Вредносни ваучери Веро

10 x 1.000 ден. Вредносни ваучери Веро

30 X 500ден. Вредносни ваучери Веро

Аранжманот Крстарењето по Кариби вклучува авионски превоз и сместување на брод на база полупансион за 2 лица за 10 дена. Во наградното патување не се вклучени трошоците за виза (доколку е потребно) и аеродромски и пристанишни такси. Термини кога може да се реализираат наградните патувања се: од 11/09/2011 до 21/09/2011, од 25/09/2011 до 05/10/2011, од 09/10/2011 до 19/10/2011 и од 23/10/2011 до 02/11/2011 година, со заеднички договор помеѓу добитниците и организаторот на наградната игра.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани на Република Македонија. Вработените во Веро супермаркетите и членовите на нивното потесно семејство немаат право на учество во наградната игра. Веропулос дооел го задржува правото да ја прекине наградната игра од објективни причини, како и правото да ги користи личните податоци и фотографиите на добитниците за свои маркетинг потреби.

Коментари
Додади ново Пребарај
Анонимен   |02-07-2011 20:43:07
kasierkite vo Vero vrska nemat za toa koi proizvo di se staveni za nagradnata igra kako od mars da s e padnati. Jas neznam kako gi zaposluvat koj gi b ira i radi sto .
martina   |08-08-2011 17:00:52
na vero nagradnite igri ama ic ne im veruvam, ziva prevara
Анонимен   |10-08-2011 19:29:50
od grk ne se msris haaa
Анонимен   |20-08-2011 21:10:04
koi i kade se dobitnicite
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

google_android_logoNagradniIgriQR